Во попладневните часови се очекува повремен локален дожд и услови за појава на грмежи
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови се очекува повремен локален дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен западен и северозападен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 5 до 12 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 21 до 27 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб променлив ветер. Температурите ќе се движат од минимални 9 до максимални 25 степени.
Според најавата на УХМР, времето во текот на следната седмица ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за локална појава на нестабилност во попладневните часови. За утре и задутре се најавува засилен ветер од западен правец кој на места ќе достигне брзина и над 60 километри на час.
Дневните температури до вторник се очекува да бидат во пораст, а од среда постепено ќе опаѓаат.
