Акцијата на МВР уследила откако претходно, граѓанин чие малолетно дете било во автобусот кој се враќал од екскурзија, пријавил во полиција дека возилото неколку пати застанувало на патот поради дефект
Велешката полиција вчеравечер на наплатната станица „Отовица“ на автопатот Велес-Скопје стопирала и одзела автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван од 43-годишен скопјанец А.Ѓ.

Акцијата на МВР уследила откако претходно, граѓанин чие малолетно дете било во автобусот кој се враќал од екскурзија, пријавил во полиција дека возилото неколку пати застанувало на патот поради дефект.
„Автобусот со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, на 08.05.2026 во 22:50 часот е стопиран од страна на полициски службеници од СВР Велес, одземен и пренесен во станица за технички преглед за утврдување на техничка исправност“,
информираат од МВР.
Оттаму посочуваат дека патниците со друг автобус се безбедно пренесени до крајната дестинација, а по целосно комплетирање на случајот и по завршување на техничкиот преглед ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
