Камионот прво удрил во средишната метална заштитна ограда, потоа во столб за улично осветлување и преминал на спротивната лента. Откако се зализгал, повторно се забил во централната заштитна ограда и во друга канделабра

Едно лице е загинато во сообраќајна несреќа на автопат во општината Долни Андријевци во Хрватска. Несреќата се случила вчера во во 14:15 часот, кога камион се излизгал од патот и се запалил.
Хрватските медиуми пренесуваат оти полицијата на местото на настанот пронашла регистарски таблички од Република Северна Македонија.
Засега е утврдено дека возачот, чиј идентитет е непознат, го возел камионот во првата лента, по што се излизгал од патот во десната страна.
Камионот прво удрил во средишната метална заштитна ограда, потоа во столб за улично осветлување и преминал на спротивната лента. Откако се зализгал, повторно се забил во централната заштитна ограда и во друга канделабра.
По несреќата избувнал пожар, а камионот бил целосно изгорен заедно со возачот.
На местото на настанот биле повикани служби за итни случаи.
Од полицијата велат дека продолжуваат да работат на утврдување на сите околности на несреќата и идентитетот на починатиот возач.
Пристигнувањето на пожарникарите било отежнато поради големите сообраќајни гужви.
На фејсбук-страницата „Пожарникари – 193“ е објавено видео на кое се гледа како возачите на автопатот не создадоа итен коридор за поминување на возилата за итни случаи.
„Култура на возење голема нула“,
пишува во описот на објавеното видео.
Видеото, исто така, покажува како пожарникарите биле принудени да излезат од камионот и лично да ги насочат возачите да го расчистат патот.
