За утре се прогнозира променливо облачно време со локален дожд и со слаб до умерен ветер од јужен правец

Променливо облачно време со сончеви периоди прогнозираат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а на некои места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од три до 10 Целзиусови степени, а дневната од 17 до 27 степени.
За утре синоптичарите најавуваат променливо облачно време со локален дожд и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе се движи од 20 до 25 степени.
Според УХМР, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во одредени деловиод земјата ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во петок.
