Ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“ ќе добие нов дом.
Владата го одобри барањето на директорот на „Танец“, Мартин Вучиќ, за изградба на нов дом за една од најстарите културни институции во државата.
Владата го задолжи Министерството за култура да ѝ предложи соодветно решение за проблемот со кој се соочува националната установа.
„По седум децении постоење, една од најважните македонски институции од областа на културата кај нас ќе добие своја сала и соодветни услови за работа и концертирање, достојни за нејзината историска важност. Ова е прв пат, некоја влада да има слух за значајната улога на адекватните просторни услови во целокупниот раст и натамошен развојот на овој наш најголем амбасадор на македонското фолклорно богатство и македонската култура, воопшто“,
велат од „Танец“.
