Асимптоматските случаи на ковид-19 се дел од епидемијата и нив ги идентификуваме тогаш кога тие се утврдуваат, тогаш кога се тестираат контактите на веќе заразените, вели Фабио Скано од СЗО порачувајќи дека и за нив важат истите мерки како и за пациентите со симптоми.
„Асимптоматските пациенти треба да бидат изолирани. Како СЗО собираме докази од студии, но со сигурност може да се каже дека потребни се мерки на претпазливост и кај нив како и за другите. Може да се утврди дека се асимптоматски, но по неколку дена можат да развијат симптоми и е многу важно да се следат зашто така подобро ја разбираме и сфаќаме како напредува болеста“,
рече Скано кој деновиве е во земјава и одржа заедничка прес-конференција со министерот Венко Филипче.
Токму асимптоматските случаи се најмногубројни меѓу заразени со ковид-19, а во изминатиот период здравствените власти во Македонија посочуваа дека нивната бројка е над 80% од вкупниот број на новозаразени.
*Поврзани вести:
Скано: Не треба да се споредувате со други држави во стапката на смртност
