Граѓаните што досега влегле во земјава со негативен ПЦР-тест и се во домашна самоизолација, како и оние што не направиле тест и се во државен карантин, ќе бидат ослободени од таа мерка, најави министерот за здравство Венко Филипче.
„Се бара правната форма со која луѓето кои имаат такво решение и ги поминале граници ќе се ослободат од изолација и од државниот карантин Правниците изминатите два дена интензивно работеа на тоа поле и се близу до решение. Тоа ќе биде јавно објавено и ќе важи за сите што влегле во земјава“,
рече Филипче.
Земјава на 17 јуни ги отвори граници, но наметна обврска за оние што влегуваат задолжително да имаат негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа, и да седат во самоизолација, а во случај да немаат тест тогаш да одат во државен карантин. Овие обврски деновиве ќе бидат укинати и лицата ќе излезат од изолација и карантин.
Од утре, пак, стапува во сила одлуката за слободно влегување во земјава без обврска за негативен тест и изолација.
