Четириесет и седумгодишен маж од село Кондово, Скопско, им се заканувал на медицински лица вработени во поликлиниката во Ѓорче Петров.
Тој вчера околу 00:15 часот ги омаловажувал и им се заканувал на медицинските лица М.Б. (36) од Скопје и М.К. вработени во поликлиниката.
„Околу 00:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во поликлиника Ѓорче Петров на бул. ‘Партизански одреди’, Р.И.(47) од с. Кондово, Скопско, го нарушил јавниот ред и мир со омаловажување и закани по животот на М.Б. (36) од Скопје и М.К., вработени како медицински лица во поликлиниката“,
велат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
