Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој повремено ќе достигнува брзина и над 60 километри на час
Во наредните денови се очекува дополнително заладување, при што утринската температура на одделни места ќе се спушти и под нула степени. Стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура се очекува од понеделник
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со наврнат талог од 15 до 20 литри дожд на квадратен метар, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој повремено ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.
„Утринската температура ќе се движи од 5 до 10 степени, додека дневната ќе достигне меѓу 10 и 18 степени“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
И во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и засилен ветер од северен правец.
„Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната ќе достигне до 13 степени“,
соопштија од УХМР.
Од утре до крајот на неделата ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во опаѓање.
Во наредните денови се очекува дополнително заладување, при што утринската температура на одделни места ќе се спушти и под нула степени.
Како што велат од УХМР, стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура се очекува од понеделник.
