За утре се најавува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни

Сончево време со мала до умерена облачност е денешната прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од три до 10 Целзиусови степени, а дневната од 18 до 25 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од седум степени наутро до 23 во текот на денот.
За утре се најавува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни. Попладне поради продор на постуден воздух од север на планините ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Ветерот во некои делови од источниот дел на земјата повремено ќе достигнува над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.
Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и со умерен, до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула.
