Авторитарните режими ја користат оваа криза… за да ги замолчат критичарите и да ја зацврстат својата политичка моќ, се наведува во иницијативата што ја покрена Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (ИДЕА) во Стокхолм
Повеќе од 500 организации и јавни личности личности од различни сфери испратија денеска јавен повик предупредувајќи на можните закани за демократијата во светот за време на пандемијата со ковид-19 и политиките на „одредени влади“ за загрозување на демократските процеси.

Меѓу потписниците на отвореното писмо се добитничката на Нобелова награда за литература Светлана Алексијевич, францускиот писател Бернар-Анри Леви, американскиот актер и добитник на Нобелова награда за мир Ричард Гир, поранешниот полски претседател Лех Валенса и поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт.
„Авторитарните режими ја користат оваа криза… за да ги замолчат критичарите и да ја зацврстат својата политичка моќ. Демократијата е во опасност… во прашање се слободата, здравјето и достоинството на луѓето ширум светот“,
се наведува во отвореното писмо, но потписниците не именуваат ниту една држава.
Писмото е иницијатива на Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (ИДЕА) во Стокхолм.
