Министерот за надворешни работи и надворешна трговија напиша и оти Македонија стои покрај САД во одбраната на демократијата, јавната безбедност и принципите кои ги одржуваат слободните општества силни
По синоќешниот напад во Вашингтон, каде што американскиот претседател Доналд Трамп, заменик-претседателот Џеј-Ди Венс, членови на претседателскиот кабинет и други високи функционери во американската администрација присуствуваа на вечера со новинарите кои известуваат од Белата куќа, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на социјалната мрежа Икс го осуди нападот и кажа оти е длабоко загрижен поради нападот и оти насилството нема место во демократијата – ниту против избраните лидери, јавните функционери, новинарите ниту, пак, против граѓаните.
„Ми олесна што претседателот Доналд Трамп, првата дама и другите присутни се безбедни, а на повредениот агент на Тајната служба му посакувам брзо закрепнување, Македонија стои покрај САД во одбраната на демократијата, јавната безбедност и принципите кои ги одржуваат слободните општества силни“,
напиша Муцунски.
Deeply concerned by last night’s attack at the White House Correspondents’ Dinner in Washington, D.C.
— Timco Mucunski (@TimcoMucunski) April 26, 2026
Violence has no place in democratic life – not against elected leaders, public officials, journalists, or citizens.
I am relieved that @POTUS Donald Trump, the First Lady, and…
За време на традиционалната Вечера на дописниците од Белата куќа, во хотелот „Хилтон“ во Вашингтон, вооружен маж се обиде да изврши напад. Напаѓачот се обидел да го пробие главниот безбедносен контролен пункт лоциран пред влезот во големата сала каде што се одржувала вечерата. Кратко по евакуацијата, Доналд Трамп одржа прес-конференција во Белата куќа. Тој кажа оти напаѓачот, 31-годишниот Кол Томас Ален од Калифорнија, дејствувал сам и упати огромна благодарност до Тајната служба и локалната полиција за нивната брза и храбра реакција со која спречија трагедија.
