Посредувањето, како што велат од судот, требало да биде пред скопскиот Апелациски суд и пред Врховниот суд, а во врска со предмет за којшто скопски Кривичен донел пресуда во која е изречена казна затвор во траење од една година за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или рапсрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик

На двајца судски службеници им е определен притвор под сомнение за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание и помагање во извршувањето на делото, информираа денеска од Основниот кривичен суд.
По предлог на надлежното обвинителство, судот на 9 април донел одлука на лицето Г.А.А. – судски полицаец да му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Судот оценил дека постои реална опасност од бегство, како и можност тој да влијае врз сведоци и докази во текот на постапката. Од Кривичен информираат дека ова решение е веќе правосилно бидејќи на него не била поднесена жалба.
За лицето Ф.Џ. – судски доставувач на 22 април му бил одреден куќен притвор во траење од 30 дена иако обвинителството барало ефективен затворски притвор. Мерката куќен притвор е определена поради основано сомневање за помагање во извршување на кривичното дело.
„При донесувањето на оваа мерка, судот утврди дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и можност за влијание врз сведоци и докази. Против ова решение, јавниот обвинител има поднесено жалба до кривичниот совет на овој суд“,
велат од Кривичен.
Посредувањето, како што велат од судот, требало да биде пред скопскиот Апелациски суд и пред Врховниот суд, а во врска со предмет за којшто скопски кривичен донел пресуда во која е изречена казна затвор во траење од една година за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или рапсрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.
Од Судот потенцираат дека, иако осомничените се нивни вработени, одлучувањето било во рамките на овој суд.
„Бидејќи кривичното дело е од лепезата на дела кои се судат во Одделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја предвид судската пракса, судот не може да биде изземен“,
додаваат оттаму.
