Парламентот треба да биде граѓански дом, вели носителката на листата на ВМРО-ДПМНЕ во првата ИЕ, наспроти нејзиниот ривал од СДСМ, кој посочува дека опозицијата има почесен претседател во егзил и кандидат за пратеник што судскиот курир не може да го најде за да му врачи покана за рочиште
Потребно е исправање на државата и почитување на својот идентитет, нација, право и културно наследство, истакна професорката Гордана Силјановска – Давкова, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, во вечерашното гостување на Канал 5. Наспроти тоа, нејзиниот главен ривал Никола Димитров, кој е носител на листата на СДСМ во првата ИЕ, во дебатата на Канала 5, посочи дека земјава, во последните три години, го постигна она што порано беше мисловна именка.

Според Силјановска, Македонија не беше рамноправна во во процесот на преговорите за спорот за името.
„Знам дека не е можно да бидете рамноправни во светото на реал- политиката, но, остана нешто што се вика меѓународни институции, меѓународно право, па и меѓународно задолжително
рече Силјановска.
право. Ако во рамките на истото не сте почитувани, тогаш сметам дека има потреба од исправање и од респект кон себе, кон својот идентитет, нацијата, правото, културното богатство – за да бидете компатибилни со другите“,
Таа посочи дека парламентот треба да биде граѓански дом, којшто ќе биде школа на демократијата, каде што ќе се одржува дебатата почитувајќи ги процедурите.
„Треба да има пратенички прашања барем еднаш неделно. Не ми е пријатно кога само еднаш во месецот има пратенички прашања, не ми е пријатно кога нема дебата во работните тела на Собранието, не ми е пријатно кога закони се носеа по скратена постапка, не ми е пријатно кога има влада во која премиерот не може да си го избере тимот, дури сум и за уставна измена, тимот е на премиерот и може да промени една третина. Ние не можеме да имаме две влади во една, три влади во една, да велат министри дека не им е претседател тој што е, туку дека имаат друг“,
истакна Силјановска.
Димитров, пак, посочи дека нема реномиран извештај во кој државата нема регистрирано напредок, што покажува каде е македонската демократија денес, иако пред само три години беше заробена држава. Членка сме на НАТО и почнуваме преговори со ЕУ. Ова, како што нагласи, беше мисловна именка пред три години.

„ВМРО-ДПМНЕ претендира да биде политичка партија, а повремено личи на здружение, чија основна цел е да бега од правда и одговорност. Има почесен претседател во егзил, кандидат за пратеник што поштарот не може да го најде дома да му врачи покана за суд. Ќе треба сите да засукаме ракави и да ѝ погледнеме на одговорноста в очи“,
рече Диумитров.
Тој порача дека Владата и во иднина ќе го слуша гласот на народот, ќе си ги признава сопствените грешки, ќе го третира невладиниот сектор како коректив, за да може да ги создаде европските услови за живот дома.
„Успеавме во последниве две и пол – три години да направиме атмосфера каде Владата ќе го слуша гласот на граѓаните, ќе признава грешки, ќе го третира невладиниот сектор како коректив. Единствена надеж и одлучност да ја ставиме државата на шините што одат напред на овие избори е СДСМ со лидерството на Заев. Единственото што другата опција умее да го прави е да замаглува и со тоа да го отежнува прогресот на државата“,
рече Димитров.