И покрај тоа што претходно Трамп изјави дека Венс нема да присуствува на разговорите, поради, како што наведе, безбедносни причини. Неговите изјави предизвикаа конфузија за составот на делегацијата, иако Трамп посочи дека неговите претставници ќе бидат присутни на разговорите. Според извори запознаени со протоколите на Тајната служба на САД, како што пренесува Си-ен-ен, постои практика претседателот и потпретседателот да не се наоѓаат на исто место во исто време, особено во услови на зголемени безбедносни ризици. Тоа значи дека, доколку Трамп одлучи лично да отпатува во Пакистан во случај на постигнување договор, се очекува Венс претходно да се врати во САД
Тој на Трут соушл напиша дека американските претставници ќе пристигнат во Исламабад утревечер за уште една рунда преговори со Иран. Истовремено, го обвини Иран за кршење на договорот за прекин на огнот во Ормускиот Теснец. Сепак, додаде дека САД на Иран му предложиле фер и разумен договор, за кој се надева дека ќе биде прифатен
Американскиот потпретседателот Џеј-Ди Венс, ќе присуствува на следната рунда преговори со Иран во Исламабад, соопшти Белата куќа, пренесува Си-ен-ен. Дел од американската делегација ќе бидат и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

Ова доаѓа и покрај тоа што претходно Трамп изјави дека Венс нема да присуствува на разговорите поради, како што наведе, безбедносни причини.
Неговите изјави предизвикаа конфузија околу составот на делегацијата, иако Трамп посочи дека неговите претставници ќе бидат присутни на разговорите.
Според извори запознаени со протоколите на Тајната служба на САД, како што пренесува Си-ен-ен, постои практика претседателот и потпретседателот да не се наоѓаат на исто место во исто време, особено во услови на зголемени безбедносни ризици.
Тоа значи дека, доколку Трамп одлучи лично да отпатува во Пакистан во случај на постигнување договор, се очекува Венс претходно да се врати во САД.
Инаку, Венс ја предводеше американската делегација на првите разговори во Исламабад, кои се одржаа на 11 април и завршија без договор за прекин на конфликтот.
Во меѓувреме, Трамп на неговата социјална мрежа Трут соушл напиша дека американските претставници ќе пристигнат во Исламабад утревечер за уште една рунда преговори со Иран. Истовремено, го обвини Иран за кршење на договорот за прекин на огнот во Ормускиот Теснец.
Според него, иранските активности, вклучително и напади врз странски бродови, ја влошиле ситуацијата.
„Иран вчера одлучи да испука куршуми во Ормускиот Теснец, а тоа е целосно кршење на нашиот договор за прекин на огнот! Многу од нив беа насочени кон француски брод и товарен брод од Обединетото Кралство. Тоа не беше убаво, нели? Моите претставници одат во Исламабад, Пакистан – тие ќе бидат таму утре вечер, на преговори“,
напиша тој на Трут соушл.
Трамп тврди дека активностите на Иран околу Ормускиот Теснец се контрапродуктивни.
„Иран неодамна објави дека го затвора теснецот, што е чудно бидејќи нашата блокада веќе го затвори“,
кажа американскиот претседател.
Според него, САД на Иран му предложиле фер и разумен договор, за кој се надева дека ќе биде прифатен.
„Нудиме многу фер и разумен договор и се надевам дека ќе го прифатат, бидејќи, ако не го сторат тоа, САД ќе ги срушат сите електрани и сите мостови во Иран. Ако не го прифатат договорот, ќе ми биде чест да го направам она што мора да се направи, што требаше да му го направат на Иран другите претседатели во последните 47 години“,
рече тој.
Првата рунда преговори меѓу Иран и САД, одржана во Исламабад, заврши минатиот викенд без конкретни резултати, оставајќи отворени прашања за можноста за решавање на конфликтот пред истекот на актуелниот прекин на огнот во среда.
Главна точка на несогласување меѓу двете страни останува повторното отворање на Ормускиот теснец, еден од најважните светски коридори за транспорт на нафта.
Иако во петокот Техеран сигнализираше можен напредок со објавата дека ќе го отвори теснецот, оваа одлука беше повлечена веќе следниот ден. Потегот следуваше откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон ќе ја задржи поморската блокада на иранските пристаништа сè додека не се постигне мировен договор.
