Од понеделник во вечерните часови до среда се очекува нестабилно време со врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во југоисточните делови од земјата ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.
„Утринските температури ќе се движат од 5 до 11 степени, додека дневните ќе достигнат од 16 до 22 степени“,
се вели во прогнозата.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и засилен ветер од северен правец.
„Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната до 22 степени“,
прогнозираат синоптичарите.
Од понеделник во вечерните часови до среда се очекува нестабилно време со врнежи од дожд. Во вторник, пак, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, при што ќе продолжи да дува ветер од северен правец.
