Специјалното обвинителство во Хаг подигна обвинение против претседателот на Косово, Хашим Тачи. Освен Тачи, обвинети се уште десетина поранешни припадници на ОВК меѓу кои и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели.
Според дел од косовските медиуми, обвиненија се подигнати и против други лица, кои се товарат за низа злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително убиство, прогони и тортура.
Како што пренесуваат медиуми од регионот, од Специјалното обвинителство соопштиле дека обвинението е резултат на долготрајни истраги и го одразува уверувањето дека може да бидат докажани сите обвинунувања против Тачи и десетината други припадници на ОВК.
Во обвинението се наведува дека Тачи, Весели и другите осомничени сносат кривична одрговорност за речиси 100 убиства.
Притоа се посочува на стотина жртви меѓу кои и косовски Албанци, Срби, Роми и припадници на други етнички групи, но и политички противници.