Предвремените парламентарни избори да бидат спроведени според највисоките стандарди и критериуми, како што доликува на земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во Европската Унија која треба да ги почне пристапните преговори.
Ваквото очекувања претседателот Стево Пендаровски денеска го искажал на средба со Лаима Андрикиене, шеф на Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените избори.

„На средбата претседателот Пендаровски изрази поддршка за работата на мисијата и изрази уверување дека нивниот ангажман ќе придонесе за успешен изборен процес, кој поради пандемијата на ковид-19 ќе се одвива во специфични услови“,
соопштија од неговиот кабинет.
Претставниците на Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР, пак, го запознале Пендаровски со активностите кои ги планира оваа мисија составена од девет експерти.
