Од вкупно 3 095 активни случаи со ковид-19 на територија на целата земја, најмногу се во Скопје – 1 785 лица.
Заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје), и натаму најмногу случаи има во Чаир – 413, по што следуваат Гази Баба со 149, Сарај со 141, Бутел со 136, Аеродром – 135, Центар – 127, Карпош – 124, Кисела Вода – 101, Студеничани со 89, Ѓорче Петров – 83, Шуто Оризари – 72, Арачиново – 49, Илинден – 33, Петровец и Чучер Сандево со по 16, Сопиште – 12 и Зелениково-2. Во Скопје има и три случаи на заразени со ковид-19 кои се странци и три лица кои не се распределени по општини.
