Непосредно пред почетокот на блокадата со објава на неговата социјална платформа Трут соушл (Truth Social) се огласи американскиот претсдател Доналд Трамп, кој, исто така, се закани дека сите ирански бродови што ќе се приближат ќе бидат уништени, наведувајќи притоа дека иранската морнарица е целосно уништена
Силите на САД денеска во 16 часот по централноевропско време ја започнаа најавената блокада на иранскиот брег, во рамките на која се запираат сите бродови што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа, пренесоа светските агенции.

Блокадата се однесува на сите бродови без оглед на знамето под кое пловат, соопшти Централната команда на САД во порака до морнарите, а во која увид имала новинската агенција Ројтерс. Од друга страна, Иран се закани дека сите американски бродови кои ја спроведуваат блокадата ќе завршат на дното на морето.
Непосредно пред почетокот на блокадата со објава на неговата социјална платформа Трут соушл (Truth Social) се огласи американскиот претсдател Доналд Трамп, кој, исто така, се закани дека сите ирански бродови што ќе се приближат ќе бидат уништени, наведувајќи притоа дека иранската морнарица е целосно уништена.
„Иранската морнарица лежи на дното на морето, целосно уништена – 158 бродови. Она што не го погодивме беа нивните помали бродови што ги нарекуваат „бродови за брз напад“ затоа што не ги сметавме за толку голема закана“,
напиша Трамп на Трут соушл.
Претходно членките на НАТО, Велика Британија и Франција, соопштија дека нема да учествуваат во блокадата, нагласувајќи дека наместо ваква мерка потребно е повторно отворање на Ормускиот теснец низ кој минува една петтина е светската нафта.
Властите во Техеран во меѓувреме соопштија дека се подготвени за секакво сценарио, најавувајќи остар одговор доколку дојде до агресија од страна на Соединетите Држави.
Вршителот на должноста министер за одбрана на Иран, бригадниот генерал Маџид Ибн Реза изјави дека вооружените сили на земјата на степен на максимална борбена готовност и дека се подготвени да одговорат на секаква можна провокација.
Иранските власти претходно наведоа дека имаат сериозни воени залихи, вклучувајќи ракети и беспилотни летала, и предупредија дека секој обид за блокада може да има сериозни последици.
Најавите за блокада на иранските пристаништа и на Ормускиот теснец повторно доведоа до скок на цените на нафтата кои денеска на меѓународните пазари се тргуваше за 102 долари за барел, што предизвика дополнителна загриженост кај инвеститорите.
На лондонскиот пазар, барел нафта денеска попладне се за 6,65 долари поскапо отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела, кога изнесуваше 101,85 долари. На американскиот пазар, барелот беше поскап за 6,07 долари и се тргуваше за 102,64 долари за барел.
Блокадата на Ормускиот теснец од страна на САД дојде по неуспешните преговори што се водеа во Исламабад за време на викендот. По заминувањето на американскиот преговарачки тим, предводен од американсккиот потпретседател Џеј-Ди Венс, претседателот на САД, Доналд Трамп објави дека нивните сили ќе го блокираат влезот во Ормутскиот теснец, наведувајќи дека дека американската морнарица ќе ги запре сите бродови што им платиле транзитна такса на иранските власти.
Од морнарицата на САД за Ројтерс првично соопштиле дека ќе воспостават блокада во Оманскиот Залив и во Арапското Море, источно од Ормутскиот теснец, и дека ќе ги запрат сите бродови, за потоа за појаснат дека ќе се блокираат само бродови кои носат партки од Иран.

Регионални и американски извори денеска за порталот „Аксиос“ изјавиле дека посредниците од Пакистан, Египет и Турција продолжуваат со напорите за повторно органзирање на разговори меѓу САД и Иран кој би резултирал со постигнување договор за прекин на војната.
И покрај неуспехот во Исламабад, сите страни сè уште веруваат дека е можен договор пред на 21 април да истече двонеделниот прекин на огнот на кој минатата недела се согласија САД и Иран, со посредство на Пакистан.
„Не сме во целосен застој. Вратата сè уште не е затворена. Двете страни преговараат, тоа е пазар“,
изјавил извор од регионот на Блискиот Исток.
Американските претставници велат дека договорот би бил остварлив со поголема флексибилност од страна на Техеран, додека иранските претставници тврдат дека преговорите не пропаднале, туку поставиле основа за континуирана дипломатија.
Главните пречки остануваат нуклеарната програма и финансиските прашања, вклучувајќи ги барањата на САД за запирање на збогатувањето на ураниум и иранските барања за одмрзнување на средствата.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп размислува за продолжување на воените напади доколку поморската блокада не го принуди Иран да направи отстапки. л
