Министерството за правда сè уште ги прави конечните пресметки за распределбата на државните пари за политичките партии, кои годинава ќе надминат рекордни девет милиони евра. Од таа сума, 70 отсто се распределуваат според бројот на освоени пратеници и советници, а останатите 30 отсто линеарно се делат меѓу сите партии и коалиции што освоиле најмалку еден отсто од гласовите на последните парламентарни или локални избори
Седум мали партии, кои на последните локални избори се натпреваруваа за околу 200 советнички места во 15, главно мали општини – како Конче или Дебрца – не освоија ниту еден мандат, но и покрај тоа си обезбедија државно финансирање за следните четири години, пишува „Призма“.

За тоа им беа потребни многу малку гласови, на пример 37 гласа во Конче, со кои според пресметката на БИРН, обезбедуваат годишен приход од околу 80 илјади евра.
Интересен факт за овие избори е што сите 33 партии и коалиции што учествуваа на нив, успеаја да го минат законскиот праг од најмалку еден отсто освоени гласови, со што си го обезбедија правото на државно финансирање.
Министерството за правда сè уште ги прави конечните пресметки за распределбата на државните пари за политичките партии, кои годинава ќе надминат рекордни девет милиони евра. Од таа сума, 70 отсто се распределуваат според бројот на освоени пратеници и советници, а останатите 30 отсто линеарно се делат меѓу сите партии и коалиции што освоиле најмалку еден отсто од гласовите на последните парламентарни или локални избори.
На тој начин, и мали партии, кои не се многу активни на политичката сцена, со многу мал број добиени гласови, влегуваат во системот на државно финансирање.
Целиот текст прочитајте го тука.
