Го повикувам премиерот без одлагање да ме информира за развојот на настаните и да ме покани на состанокот на Советот за одбрана, вели Маѓар

Лидерот на унгарската опозиција Петер Маѓар изјави дека во претходниот период добил информации дека нешто „случајно“ ќе се случи на гасоводот во Србија за Велигден, велејќи му на премиерот Виктор Орбан дека нема да може да ги спречи изборите што треба да се одржат следната недела.
Унгарецот на Фејсбук напиша: „Со недели добивам сигнали од неколку места дека, по претходните неуспешни операции под лажно знаме, поради падот на поддршката за Фидес, Орбан сака да премине нова граница со помош на Србија и Русија.“
„Неколку од нив јавно посочија дека нешто ‘случајно’ ќе се случи во Србија, на гасоводот, за време на Велигден, една недела пред унгарските избори. Така се случи. Го повикувам премиерот без одлагање да ме информира за развојот на настаните и да ме покани на состанокот на Советот за одбрана“,
напиша тој и го повика Орбан да си поднесе оставка.
Претходно денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека експлозив со голема разорна моќ бил пронајден на северот на Војводина во близина на гасоводот „Балкански тек“.
Експлозивот, како што се наведува, бил пронајден во рамките на истрага поврзана со загрозување на гасната инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија.
Вучиќ кажа и дека за случајот веднаш телефонски разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
