Од утре ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен во среда кога се очекуваат локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Претежно во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено и силен ветер од северен правец (над 70 km/h).
И во Скопје денеска ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Од утре ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен во среда кога се очекуваат локални врнежи од дожд.

