Египет, заедно со земји како Пакистан и Турција, работи на посредување во ситуацијата

Египет ги потврди извештаите за американски план за ставање крај на војната со Иран, пренесе ДПА.
„Постои нацрт-план од САД кој е испратен до иранската страна и во моментов се проучува. Тоа е визија и план што го претставија Соединетите Држави. Се надеваме дека наскоро ќе има директни разговори со вклучените страни“,
изјави денеска египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати и додаде дека не може да зборува за точките што ги содржи планот, од кои некои веќе беа објавени во медиумите.
Египет, заедно со земји како Пакистан и Турција, работи на посредување во ситуацијата.
„Нема да престанеме да вложуваме максимални напори“,
рече Абделати додавајќи дека тоа ќе го прават деноноќно.
Египетската влада има контакт со иранската страна само преку еден канал, додаде Абделати, а тоа е Министерството за надворешни работи во Техеран.
Според медиумските извештаи, американската влада му претставила на раководството во Техеран план од 15 точки за ставање крај на војната. Според весникот „Њујорк тајмс“ и израелскиот „Канал 12“, администрацијата на Доналд Трамп своите барања го Иран ги доставила преку посредство на Пакистан, кој одржува добри односи со двете страни.
Иранското воено раководство, пак, ги отфрли извештаите за преговори.
