При нападот, на службеното лице му била нанесена тешка телесна повреда
Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кратово поднесе кривична пријава против 38-годишниот Р.П. од село Василево поради сомнение за сторени две кривични дела – спречување службено лице во вршење службено дејствие и напад врз полициски службеник.

Инцидентот започнал кога полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки се обиделе да сопрат возило марка „ауди А6“. Иако полицајците дале јасен сигнал за запирање, возачот Р.П. ги игнорирал наредбите и продолжил да се движи.
По преземените мерки, возилото било пресретнато и запрено на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во близина на селото Страцин.
Според информациите од ОВР Кратово, во моментот на запирањето, пријавениот физички нападнал полициски службеник. При нападот, на службеното лице му била нанесена тешка телесна повреда.
