Во неговиот дом биле пронајдени марихуана, кокаин, амфетамин, таблети екстази, дигитална вага и банкноти
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 26-годишниот С.Ш. од Куманово, информира Министерството за внатрешни работи. При претрес во неговиот дом биле пронајдени повеќе видови дрога.
„При претсрес извршен по судска наредба, во неговиот дом биле пронајдени марихуана, кокаин, амфетамин, таблети екстази, дигитална вага и банкноти“,
велат од МВР.

Лицето било приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.
