Цената на европската нафта „брент“ се искачи на ниво од 102 долари за барел, додека американската лесна нафта „вест тексас интермедиат“ (West Texas Intermediate) достигна 97 долари

Цените на нафтата денеска забележаа скок од над два отсто, откако затворањето на Ормускиот Теснец и интензивираната геополитичка реторика ги попречија обидите на Вашингтон да го стабилизира глобалното снабдување со енергенси.
Цената на европската нафта „брент“ се искачи на ниво од 102 долари за барел, додека американската лесна нафта „вест тексас интермедиат“ (West Texas Intermediate) достигна 97 долари.
Новиот ирански врховен водач, Моџтаба Хамнеи, потврди дека Ормускиот Теснец останува затворен, што предизвика 20 отсто од светската нафта да е блокирана и ги принуди производителите од Заливот да го намалат производството за 10 милиони барели дневно, бидејќи капацитетите за складирање достигнуваат критични граници.
Иако еден индиски танкер денеска успешно го помина теснецот, аналитичарите сугерираат дека тоа е привремено, бидејќи пречките во џи-пи-ес и заканата од ракетни напади и понатаму блокираат 90 отсто од поморскиот сообраќај во регионот.
Соединетите Американски Држави (САД) издадоа 30-дневна дозвола за купување руска сурова нафта и нафтени деривати што во моментов се на море, што, според за американскиот секретар за финансии Скот Бесент, е чекор кон стабилизирање на глобалните енергетски пазари погодени од војната со Иран.
Одлуката на САД, објавена синоќа, доаѓа неколку часа откако референтните цени на нафтата се искачија над 100 долари за барел, што е највисоко ниво во последните четири години.
