Тој додаде иранските проектили се намалени за 90 проценти, а нивните еднонасочни офанзивни дронови вчера се намалени за 95 отсто
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет и началникот на Здружениот штаб, генерал Ден Кејн на денешната заедничка прес-конференција ја информираа јавноста за напредокот на воената операција против Иран, истакнувајќи оти американските сили го десеткувале иранскиот режим.

„Никогаш порано една модерна армија не е вака уништена. Кажавме дека ова нема да биде фер борба. И навистина не е. Иран нема противвоздушна одбрана, ниту авијација, ниту морнарица“,
посочи Хегсет.
Тој додаде иранските проектили се намалени за 90 проценти, а нивните еднонасочни офанзивни дронови вчера се намалени за 95 отсто.
„Нашите и израелските воздушни сили заедно погодија повеќе од 15 000 непријателски цели. Тоа е значително повеќе од илјада дневно. Планот е да се поразат, уништат и онеспособат сите нивни главни воени капацитети со брзина каква што светот никогаш порано не ја видел. Наскоро, и многу брзо, сите компании од одбранбената индустрија на Иран ќе бидат уништени“,
наведе Хегсет.
И генерал Кејн потврди дека иранската морнарица станала борбено неефикасна за помалку од две недели војна. Сепак, тој предупреди дека Иран сè уште ја задржува способноста да нанесе штета на сојузничките сили и комерцијалниот бродски сообраќај.
„Постои причина зошто го избравме уништувањето на морнарицата како една од нашите примарни цели. Ги слушнавме нивните најави за разни мерки и се подготвуваме за сите нив. Значи, имаме план за секоја можна ситуација“,
посочи Кејн.
