Случајот бил пријавен во тетовската полиција од страна на неколку професори од средното медицинско училиште „Никола Штејн, по информации од родители на ученици дека 18-годишниот М.Р. праќал заканувачки пораки
Осумнаесетгодишник од тетовското село Палатица е приведен откако испраќал пораки до ученици во средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето.

Случајот бил пријавен во тетовската полиција од страна на неколку професори од средното медицинско училиште, по информации од родители на ученици дека 18-годишниот М.Р. праќал заканувачки пораки.
„Преземени се соодветни мерки од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во село Палатица, во дом и помошни простории на Р.Р. (49). При претресот биле пронајдени повеќе предмети на неговиот син М.Р. (18), за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело“,
информираат од МВР.
Тинејџерот е приведен, а по целото документирање на случајот МВР најавува соодветна пријава.
