Агенцијата АФП, исто така, објави дека жители на градот Адана, во југоисточна Турција, кој се наоѓа на околу 10 километри оддалеченост од базата „Инџирлик“, биле разбудени во 3:25 часот, според локално, односно 1:25 часот според средноевропско време, од сирени. Тревогата, според наводите, што ги пренесува агенцијата, траела околу пет минути
Засега нема официјално соопштение од турската власти или од НАТО во врска со наводното активирање на системот за тревога во базата и за што конкретно станува збор
Сирените за тревога од воздушен напад утрово се огласиле во воздухопловната база „Инџирлик“, еден од клучните објекти на НАТО на југот на Турција, каде што се стационирани американски трупи, јавуваат агенциите пренесе „Гардијан“.

Засега нема официјално соопштение од турската власти или од НАТО во врска со наводното активирање на системот за тревога во базата и за што конкретно станува збор.
Турската државна новинска агенција претходно објави дека две балистички ракети насочени кон Турција биле пресретнати од воздушната одбрана на НАТО.
Агенцијата АФП, исто така, објави дека жители на градот Адана, во југоисточна Турција, кој се наоѓа на околу 10 километри оддалеченост од базата „Инџирлик“, биле разбудени во 3:25 часот, според локално, односно 1:25 часот според средноевропско време, од сирени. Тревогата, според наводите, што ги пренесува агенцијата траела околу пет минути.
Според агенциските извештаи, во базата наводно се огласил црвен аларм.
Неколку лица на социјалните мрежи објавиле снимки направени со мобилни телефони на кои се гледа светол објект како лета на небото, што сугерира дека е можно да станува збор за ракета што се движи кон воздухопловната база.
🚨 Multiple reports indicate air raid sirens sounding at Incirlik Air Base in Turkey, as footage from the area appears to show a ballistic missile flying overhead near the installation.
— Mossad Commentary (@MOSSADil) March 13, 2026
Stay connected, follow @MOSSADil. pic.twitter.com/UPTeldsQGG
Низ градот Адана, според првичните извештаи, се слушнале сирени од противпожарни возила, како и раздвиженост на безбедносните сили.
Наводниот инцидент доаѓа четири дена откако воздушната одбрана на НАТО собори балистичка ракета во турскиот воздушен простор, а која била истрелана од Иран.
Станува збор за втор ваков случај од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток, помеѓу Израел и САД од една и Иран од друга страна.
„Турција соопшти дека воздушната одбрана на НАТО пресретнала иранска ракета насочена кон нејзиниот воздушен простор, веројатно за да ги нападне силите на НАТО во воздухопловната база „Инџирлик“. Турските власти го осудија нападот, а воедно ги повикаа сите страни на деескалација“,
објави „Гардијан“ во четвртокот минатата недела.
Во понеделникот Северноатлантската алијанса соопшти дека соборила втора балистичка ракета истрелана од Иран, што предизвика реакција од официјална Анкара која го предупреди Иран да не презема провокативни чекори.
Турското Министерство за одбрана во вторникот објави дека американски систем за воздушна одбрана „патриот“ е распореден во југоисточната покраина како дел од „засилените мерки за воздушна и ракетна одбрана“ на НАТО.
Инаку, денешната објава за наводен нов напад доаѓа откако Вашингтон соопшти дека го затвора својот конзулат во Адана, повикувајќи ги сите американски граѓани да ја напуштат југоисточна Турција.
