Кили почина во јужноамериканската држава Еквадор, каде што живееше во последните 12 години. Веста за неговата смрт ја потврди неговото семејство
На 58-годишна возраст вчера почина познатиот македонски актер Кирил Поп Христов-Кили.

Кили почина во јужноамериканската држава Еквадор, каде што живееше во последните 12 години.
Веста за неговата смрт ја потврди неговото семејство.
Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при УКИМ на отсекот за актерска игра во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година. Од 1993 до 2014 година работеше во Македонскиот народен театар (МНТ).
Кили е познат по своите улоги во филмовите „Тетовирање“, „Бал-кан-кан“ и „Панкот не е мртов“. Глумеше и во театарските претстави „Ричард Трети“, „Злосторство и казна“, „Ослободување на Скопје“ и други.
