На мапата се обележани локациите каде се извршени нападите и нивната позиција во однос на американските воени бази и иранските системи за противвоздушна одбрана
Американското Министерство за одбрана на социјалните мрежи објави мапа на која се прикажани нападите што се извршени врз Иран во текот на првите десет дена од воената операција наречена „Епски гнев“.

На мапата се обележани локациите каде се извршени нападите и нивната позиција во однос на американските воени бази и иранските системи за противвоздушна одбрана.
Објавата на американското Министерство за одбрана доаѓа кога продолжува да се интензивираат нападите на САД и Израел врз Иран.
The First Ten Days of Operation Epic Fury pic.twitter.com/gCmTckaP6Z
— Department of War 🇺🇸 (@DeptofWar) March 10, 2026
Централната команда на САД соопшти дека американската војска погодила повеќе од 5 000 цели во Иран од почетокот на конфликтот на 28 февруари.
Покрај тоа, се наведува и дека во нападите се уништени или оштетени околу 50 ирански воени бродови.
По објавите во медиумите дека Иран почнал да поставува мини во Ормускиот Теснец, на својата социјална мрежа Трут соушл се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, со барање веднаш да бидат отстранети.
Неколку минути подоцна, Трамп соопшти и дека американските сили погодиле и целосно уништиле десет неактивни ирански бродови за поставување мини, како и дека ќе продолжат со нападите.
