Дополнително, како што информираа утрово од претпријатието, во февруари биле отстранети и 2 505 кубни метри отпад од диви депонии, лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад – 600 кубни метри – бил подигнат во општината Центар
Во текот на минатиот месец екипите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје подигнале и транспортирале речиси 11 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

Дополнително, како што информираа утрово од претпријатието, во февруари биле отстранети и 2 505 кубни метри отпад од диви депонии, лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад – 600 кубни метри – бил подигнат во општината Центар.
Екопатролата при „Комунална хигиена-Скопје“ во февруари изготвила вкупно 100 записници за претставници стопански субјекти и физички лица што биле затекнати како неправилно одлагаат отпад.
Од претпријатието даваат и преглед за бројот на издадени записници по општини: Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:
- Општина Чаир – 54 записници,
- Општина Карпош – 18 записници,
- Општина Аеродром – 11 записници,
- Општина Центар – 9 записници,
- Општина Ѓорче Петров – 6 записници,
- Општина Гази Баба – 2 записника.
„Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува со реализација на екопредавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку екоедукацијата најмладите жители на нашиот град се запознаваат со активностите на Претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање“,
се наведува во соопштението од јавното претпријатие.
За потсетување, на 17 ноември лани во главниот град стапи во сила одлуката со која се забранува фрлање отпад од 22 до 6 часот, чија цел е да се воспостави ред во управувањето со сметот и да се спречат злоупотребите на контејнерите.
Непочитувањето на мерката ги чини жителите на Скопје 50 евра, додека за правните лица, односно фирмите се предвидени казни од 1 300 до 1 800 евра, а можат да бидат и повисоки во зависност од типот на отпадот.
Одлуката беше донесена на седница од Советот на Град Скопје што се одржа три дена претходно, односно на 14 ноември, минатата година.
