Досега Мерц не ги критикуваше американските воздушни напади, ниту експлицитно ги поддржа, иако критичарите на Трамп оценија дека операцијата е спроведена без доволно објаснување и потребната правна основа во меѓународното право
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со германскиот канцелар Фридрих Мерц, со кого, меѓу другото, ќе разговара за нападите на Соединетите Американски Држави (САД) и Израел врз Иран, за новите закани со царини и неодамнешната посета на германскиот лидер на Кина.

Мерц е првиот европски лидер што ќе го посети Вашингтон по нападот врз Иран, но и по пресудата на Врховниот суд од 20 февруари со која царините на Трамп се прогласија за нелегални.
Се очекуваше разговорите да се фокусираат на трговијата, но сега веројатно ќе доминира темата за американско-израелскиот напад што се случи изминатиот викенд, а во кој загинаа врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, и други ирански лидери.
Досега Мерц не ги критикуваше американските воздушни напади, ниту експлицитно ги поддржа, иако критичарите на Трамп оценија дека операцијата е спроведена без доволно објаснување и потребната правна основа во меѓународното право.
„Ја препознаваме таа дилема. Затоа нема да им држиме предавања на нашите партнери за нивните воени напади врз Иран“,
рече тој.
Според аналитичарите, Мерц веројатно ќе ја искористи средбата и за да го праша Трамп околу повеќе детали за неговите планови за Иран.
Германскиот канцелар неодамна го посети кинескиот претседател Си Ѓинпинг, се очекува да работи и на одржување на позитивниот однос што го изгради со Трамп во текот на изминатата година, со поддршка на германското раководство во зголемувањето на трошоците за одбрана.
