„Прерано е, но се обидуваме и мислам дека донекаде успеваме да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори за тоа како ќе продолжи. Постојано сме околу него и тоа е сè што можам да кажам во овој момент“, велат од Клиниката

Вицепремиерот на Србија и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е во тешка ситуација, објави српскиот претседател Александар Вучиќ пред Клиниката за пулмологија во Клиничкиот центар на Србија, каде што го посети со членови на владата.
„Го посетивме заменик-премиерот и претседателот на СПС, тоа е во тешка ситуација, но веруваме во лекарите и веруваме во него и се молиме за него“,
изјави Вучиќ за Танјуг пред Клиничкиот центар на Србија.
Помошник-директорот на пулмологија, Спасоје Попевиќ, рече дека ситуацијата е многу тешка и дека министерот Дачиќ има тешка пневмонија.
„Тој моментално е на механичка вентилација – вентилатор, добива сè што му е потребно, сите лекови, терапија, со тој вентилатор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тешка пневмонија и борба за неговиот живот“,
рече доктор Попевиќ.
Дачиќ, како што пренесуваат српските медиуми, е хоспитализиран во Клиничкиот центар на Србија, на Клиниката за пулмологија. Министерот Дачиќ е хоспитализиран денес во 16:30 часот, а докторите велат дека засега не може да се даде прогноза за неговата состојба.
„Прерано е, но се обидуваме и мислам дека донекаде успеваме да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори за тоа како ќе продолжи. Постојано сме околу него и тоа е сè што можам да кажам во овој момент“,
рече Попевиќ.
