За утре се прогнозира сончево време со мала до умерена облачност и со слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура утре ќе биде од осум до16 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Во претпладневните часови ќе биде тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од минус три до три Целзиусови степени, а дневната од осум до 17 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од минус еден степен наутро до 14 степени во текот на денот.
За утре се прогнозира сончево време со мала до умерена облачност и со слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура утре ќе биде од осум до 16 степени.
Од УХМР велат дека под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен по должината на Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
