На видеото се гледа како Груби, со јакна со качулка на главата и очила за сонце, со насмевка им ги подава рацете на полициските службеници кои во тој момент му ставаат лисици
На социјалните мрежи и во дел од медиумите е објавено видео од приведувањето на ексвицепремиерот и министер Артан Груби, кој утринава се појави на Граничниот премин „Блаце“.

На видеото се гледа како Груби, со јакна со качулка на главата и очила за сонце, со насмевка им ги подава рацете на полициските службеници кои во тој момент му ставаат лисици. Откако му ги ставаат лисиците, тој со црн шал си ги покрива дланките. Според снимката, тој практично ѝ се предава на полицијата.
Според официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи (МВР), поранешниот прв вицепремиер и министер Артан Груби, кој повеќе од една година беше во бегство, утринава во 6:10 часот се појавил на косовско-македонската граница и при влез во земјава е приведен.
Груби е во бегство од декември 2024 година, откако Обвинителството отвори истрага за случајот со проневери во „Државна лотарија“, во кој беше осомничен и лично тој.
