Македонија на овие избори треба да покаже дека е стабилен партнер на Европската Унија. Затоа, со особено внимание ќе ги следиме овие избори, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во интервју за Еврофокус на Телма.
Според него, изборите се важни затоа што земјава е бев Собрание и со техничка Влада чии што капацитети особено во поглед на легитимитетот и авторитето се лимитирани.
„Во овој тежок период со епидемијата, важно да се има ефикасна влада, легитимна, која ќе може да ги отпочне првите чекори во преговорите со Европската унија и потребно е да сте во добра состојба“,
вели Тимоние.
Според него, повеќе од кога било, на Северна Македонија ѝ е потребно да покаже е во добра кондиција.
„Неопходно ѝ е да покаже дека е зајакнат демократскиот пат, тоа значи дека овие избори не треба да бидат предмет на манипулација или на притисоци со работни места и така натаму, бидејќи тие теми ни се познати од минатото“,
вели Тимоние.
