Во болниците во земјава вкупно се хоспитализирани 346 пациенти, од кои 7 се на респираторна машина.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 126 лица. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 36 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.
Министерот Венко Филипче денеска уште еднаш потврди дека здравствениот систем во земјава има капацитет да се справи со напливот пациенти.
