Кај село Станча поради паднато дрво непрооден и блокиран е патот кон селото Герман, се вели во утринскиот извештај на АМСМ за состојбата на патиштата до 6:30 часот
Поради излевање на реката Вардар кај селото Форино од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 кој води од Гостивар кон село Чегране. Поради ситуацијата, како што информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот се пренасочува од село Старо Чајле кон Форино.

Кај село Станча поради паднато дрво непрооден и блокиран е патот кон селото Герман, се вели во утринскиот извештај на АМСМ за состојбата на патиштата до 6:30 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – Граничен премин „Деве Баир“, Граничен премин „Делчево“, Страцин и на Пониква, кои во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Оттаму потсетуваат дека во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опреа во возилата.
