Во интервју за РТС, Ѓуро Мацут вели дека владата работи одговорно, но дека не е задоволен од работата на некои министри. Нивниот единствен придонес, како што рече тој, е што се фотографираат за социјалната мрежа Инстаграм
Српскиот премиер Ѓуро Мацут размислува за реконструкција на владата на Србија бидејќи не е задоволен од работата на дел од министрите.

Во интервју за Радио-телевизија Србија (РТС), Мацут вели дека владата работи одговорно, но дека не е задоволен од работата на некои министри. Нивниот единствен придонес, како што рече тој, е што се фотографираат за социјалната мрежа Инстаграм.
„Не сум задоволен од некои министри како што бев некогаш. Размислувам за реконструкција на владата, но одлуката за реконструкцијата ќе ја донесат првенствено тие, од работата што ја работат и резултатите што ги постигнуваат. Мора да размислиме за подобрување на сè што прави владата“,
порача Мацут.
Од друга страна, како што рече, задоволен од работата на други министри. На прашањето колку е извесна владината реконструкција во моментов, српскиот премиер вели дека засега не може да каже.
