Како што информираат косовските медиуми, земјотресот го почувствувале и жителите на околните држави
Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје соопштија дека вечерва во 22 часот и 5 минути е регистриран земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје.

Земјотресот е со јачина од 4,6 степени според Рихтер.
Според последните податоци на опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од пет степени според Европската макросеизмичка скала.
Во Скопје и околината со интензитет од четири до пет степени, а во останатите делови од Републиката со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.
Како што информираат косовските медиуми, земјотресот го почувствувале и жителите на околните држави.
Според дописничката од Призрен за Радиотелевозија Косово, после земјотресот, голем дел од граѓаните се излезени надвор од своите живеалишта, плсшејќи се дека може да има нов земјотрес со поголема јачина.
Ова е видео од Приштина на кое се гледа како жителите се на улица пред нивните домови:
