Епицентарот на земјотресот е на 19 километри источно од градот Призрен на Косово и на 15 километри северозападно од Општина Теарце
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала вечерва во 10:05 часот го погоди Косово, во близина на границата со Македонија, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот е на 19 километри источно од градот Призрен на Косово и на 15 километри северозападно од Општина Теарце.

Потресот го почувствуваа жителите на Тетово и Скопје.
Според нивните коментари на социјалните мрежи, земјотресот бил силен, но кратко траел.
Засега нема информација за предизвикана материјална штета.
