Полицијата во изминатото деноноќие регистрирала 705 прекршоци поради неносење заштитна опрема на лицето, соопшти МВР.
Во последните 24 часа, исто така, се издадени 702 решенија за изолација, а 210 лица потпишале изјава за самоизолација.
Од оние кои веќе се наоѓаат во изолација три лица ја прекршиле мерката, а мерката самоизолација едно лице.
