Протестниот марш, кој започна како мирна прошетка, ескалираше кога група од стотина учесници почна да фрла факели и шишиња кон полицијата
Повеќе лица се уапсени на протестот во Милано против одржувањето на Зимските олимписки игри, откако дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата. Протестниот марш, кој започна како мирна прошетка, ескалираше кога група од стотина учесници почна да фрла факели и шишиња кон полицијата, пренесуваат дел од медиумите.
Полицијата возврати со употреба на водени топови и солзавец за растерување на толпата.
Учесниците на протестот со транспаренти порачаа дека се противат на одржувањето на Олимписките игри, обвинувајќи дека се зголемени економските трошоци, цените на становите, недостатокот на социјални простори во Милано, како и уништувањето на природата.

Протести во Милано се одржаа и вчера за време на отворањето на Зимските олимписки игри.
Демонстрантите маршираа против присуството на агенти на американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ) во Италија, а собраните на чело на колоната носеа транспарент на кој пишуваше „Милано ве мрази“.
