Се очекува јужните крајбрежни области на југозападна Англија и јужен Велс денеска да бидат погодени од пороен дожд, соопшти Метеоролошката служба
Над 80 нови предупредувања за поплави се во сила денеска низ цела Велика Британија поради обилни дождови, јави ДПА.

Агенцијата за животна средина (EАA) претходно издаде предупредување за поплави за 91 област во јужна и југозападна Англија, како и во Источен и Западен Мидлендс.
До утрово, EAA издаде вкупно 261 предупредување за поплави, при што големи делови од Англија се во опасност.
Предупредување за лоши временски услови е издадено и за 11 области во Велс.
Противпожарната служба на Ворикшир предупреди дека поради обилни и продолжени дождови денеска, нивото на реката Дин се искачи на ниво каде што поплавите се неизбежни.
Во четвртокот, Метеоролошката служба (МНО) соопшти дека југозападна Англија и јужен Велс го регистрирале својот највлажен ден во годината од почетокот на 2026 година.
Двата региона забележале 50 отсто повеќе врнежи од дожд од просекот за јануари и значителна влажност, соопштија метеоролозите.
Се очекува јужните крајбрежни области на југозападна Англија и јужен Велс денеска да бидат погодени од пороен дожд, соопшти Метеоролошката служба.
