Десетина комби-возила, пет-шест камиони и полициски возила попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција
И натаму е во тек големата полициска акција во Скопје во врска со петте тони марихуана што минатата недела беа запленети во соседна Србија, а за кои српските медиуми информираа дека се набавени од македонска територија.
Десетина комби-возила, пет-шест камиони и полициски возила попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција.

Местото е под силно полициско обезбедување и пристап до таму не е можен.

Во врска со акцијата, која е насочена кон мрежата на т.н. легални производители на канабис, се вршат претреси на повеќе локации во Скопје и Струмица. Акцијата е во координација на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК).
Српската полиција минатата недела заплени пет тони марихуана во близина на Крушевац, за кои српските медиуми информираа дека се набавени од македонска територија.
Македонското јавно обвинителство во понеделникот информира дека е оформен предмет за случајот и дека се преземаат дејствија за утврдување на сите факти и околности за поврзаноста на Македонија со овој случај.
