Се апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сигнализација, како и приспособување на брзината спрема условите на патот
Намалена видливост до 60 метри поради магла има на патниот правец Гевгелија – граничен премин „Богородица“, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Сообраќајот по државните патишта од утрово се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури е можна појава на поситни одрони.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Од претпријатието апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сигнализација, како и приспособување на брзината спрема условите на патот.
