Од утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а температурите ќе бидат во пораст

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на денот ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде од минус четири до три, а дневната ќе се движи од шест до 11 Целзиусови степени.
Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне девет степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
