За утре се најавува променливо облачно време со сончеви периоди и со температура до 10 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаби врнежи од дожд. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), врнежи од снег денеска ќе има во крајните западни делови од земјата, каде ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од минус шест до два Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од еден до девет степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од два степена наутро до седум степени во текот на денот.
За утре се најавува променливо облачно време со сончеви периоди, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура утре ќе се движи од шест до 10 степени.
